Дома Фудбал Италија Во Интер владее супер атмосфера: Ова видео е доказ

Во Интер владее супер атмосфера: Ова видео е доказ

Интер изгледа навистина добро оваа сезона.

Антонио Конте полека ги склопува коцките во Интер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Нероаѕурите“ се на второто место на табелата во Серија А зад Јувентус со еден бод помалку, додека во групата во Лигата на шампионите се наоѓаат на втората позиција зад Барселона.

Во текот на летото Интер доведе бројни нови играчи, а најголемо засилување секако е Ромелу Лукаку.

За него клубот плати 65 милиони евра и Белгиецот полека се навикнува на животот во Италија, додека на теренот прикажува се подобри настапи.

Освен може да се забележи дека Конте создал една одлична атмосфера. Тоа може да се види и од последниот гест на Лукаку. Белгиецот се одлучил да излезе на вечера со неколку негови соиграчи и на тој начин да им се заблагодари за тоа што направиле за него.

Антонио Кандрева со камера го овековечи моментот кога Лукаку се заблагодарува, а во тој момент еден од играчите му одговара: Па ти плаќаш, секако дека ќе дојдеме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ го убеди еден од најдобрите да дојде во Милан: „Стар пријателе, те чекам!“

Веќе во првите месеци во дресот на Росонерите стана јасно дека Милан не доби само уште еде…