Дома Фудбал Останато Во иднина ќе имаме стадион кој ќе го носи името Кристиано Роналдо

Во иднина ќе имаме стадион кој ќе го носи името Кристиано Роналдо

Португалскиот фудбалер Кристиано Роналдо неодамна зборуваше за тоа дека веќе размислува со што ќе се занимава по завршувањето на кариерата и призна дека станува збор за работи кои не се поврзани со фудбалот.

Роналдо уште пред неколку години влезе во светот на бизнисот. Португалецот нема намера откако ќе заврши со играњето фудбал да се занимава со тренерската кариера.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За крајот на неговата кариера размислуваат и во лисабонскиот Спортинг од каде што Роналдо се појави на најголемата сцена. Роналдо од Спортинг направи трансфер во Манчестер Јунајтед, а се останато е историја.

Иако во Спортинг не се задржа долго во клубот се и тоа како горди што од нивната академија излезе еден од најдобрите играчи во историјата. Во клубот најавија и дека ќе го променат името на стадионот во чест на Роналдо.

Името на стадионот на Спортинг го носе „Хозе Алваладе“, но претседателот на овој клуб Фредерико Варандас порача дека во иднина тоа веројатно ќе се промени.

„Тоа е теорија која е и тоа како реална и сериозна. Би биле навистина горди ако тоа се случи. Кристиано секогаш ќе биде еден од нашите најголеми симболи на клубот. Имаме идеја нашиот стадион да го носи неговото име откако ќе ја заврши кариерата“, изјави Варандас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов проблем за Анчелоти: Се повреди и Винисиус, познато колку ќе паузира

Реал Мадрид не е толку далеку од Барселона на врвот во Ла Лига и „кралевите“ имаат четири …