Дома Останати Кошарка НБА Во драматична завршница, Вориорси до „брејк“ против Мемфис 🎥

Во драматична завршница, Вориорси до „брејк“ против Мемфис 🎥

Во натпревар со драматичен финиш, Вориорси успеаа да стигнат до победа (116:117) и да поведат во полуфиналето. Томсон ја погоди клучната тројка во финишот, па Голден Стејт успеа и покрај исклучувањето на Драјмонд Грин да стигне до победата.

Џордан Пол со рекорд на кариерата во плеј-офот ги предводеше гостите со 31 поен, Кари додаде 24 поени. Мемфис имаше прилика кога Томпсон промаши две слободни фрлања, Морант тогаш промаши положување на разочарување на домашната публика.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Најдобриот играч на домаќините така беше трагичар иако стигна до дабл-дабл од 34 поени и 10 асистенции, Џарен Џексон Жуниор уфрли шест тројки и запиша 33 поени, најмногу во кариерата.

Покрај Мемфис брејк во првиот натпревар во натпреварот кој се играше порано обезбеди и Милвоки со победата во Бостон.

Бостон – Милвоки 89:101 (0:1)

Мемфис – Голден Стејт (116:117) (0:1)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…