Дома Фудбал Германија Во Дортмунд убедени дека Санчо останува: Никој не сака да ризикува

Во Дортмунд убедени дека Санчо останува: Никој не сака да ризикува

Во Борусија Дортмунд не се загрижени дека можат на крајот од сезоната да останат без Џејдон Санчо.

Англискиот фудбалер благодарение на одличните игри стана желба на бројни великани и скоро да не поминува ден да не се шпекулира за евентуален трансфер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, во Дортмунд не се загрижени по тоа прашање. Најмногу поради кризата со пандемијата коронавирус.

„Ниту еден клуб, дури и од Англија, нема да ризикува со толку голем и скап трансфер ова лето. Не сакам да предвидувам бидејќи ситуацијата се менува од ден во ден. Моментално е така, големи средства нема да се трошат следните месеци.“ – изјави директорот на Борусија, Зорц.

Санчо со Борусија Дортмунд има важечки договор до 2022. година, а во актуелната сезона постигна 17 погодоци и 19 асистенции.

Се шпекулира дека Борусија за неговиот играчки картон ќе бара повеќе од 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Мајката на Рабио избувна: Раководството на Марсеј е некомпетентно и намерно сака да се ослободи од Адриен

Мајката и агент на Адриен Рабио – Вероник, упати жестока тирада кон Марсеј по одлука…