Дома Фудбал Останато Во Грција не смее „пиле да прелета“ – гостуваат Хрватите: Домаќините стравуваа од инциденти

Во Грција не смее „пиле да прелета“ – гостуваат Хрватите: Домаќините стравуваа од инциденти

Полицијата во Грција е во состојба на висока готовност поради денешниот реванш натпревар од осминафиналето на Конференциската фудбалска лига помеѓу ПАОК и Динамо Загреб, кој ќе се одигра во Солун.

Според Европската фудбалска унија (УЕФА), натпреварот помеѓу овие два тима е категоризиран како натпревар со висок ризик, особено откако летоска беше убиен навивачот на АЕК, Михалис Кацурис Поради тоа, УЕФА донесе одлука за забрана на навивачите да присуствуваат на натпреварот, и во Загреб и во Солун.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Иако првиот натпревар во Хрватска помина без инциденти, грчките власти стравуваат за можноста на присуство на голем број хрватски навивачи во Солун. Затоа, полицијата е на готовност и има наредба да ги уапси сите сомнителни лица пред влезот во градот.

Според информациите од соседството се врши строга пасошка контрола и преглед на патниците чија дестинација е аеродромот во Солун. Засега, нема информации за можни навивачки инциденти, но полицијата има преземено највисоки мерки за безбедност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед договори уште еден талент од Јужна Америка

Манчестер Јунајтед договори да го доведе младиот талент Кристијан Ороско, пренесува ДПА. К…