Шпанскиот стратег Јулиен Лопетеги од почетокот на сезона не успеа да ја убеди јавноста дека е вистинскиот човек за Вест Хем, а викендов можеби е и клучниот натпревар за неговата иднина.
„Чеканите“ во рамките од 11 коло од најсилната англиска конкуренција ќе играат против Евертон в сабота од 16:00 часот и медиумите на Островот најавуваат дека од исходот на овој дуел ќе зависи работата на Лопетеги.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Победа му гарантира мир пред репрезентативната пауза, а од друга страна со пораз или нерешено Вест Хем веројатно токму во периодот кога ќе играат репрезентации ќе побара нов стратег за клупата.
По десет одиграни кола Вест Хем има само 11 бодови со кои се наоѓа на 14. позиција на табелата. Евертон од друга страна е 16. со девет бода.