Дома Македонски спорт Мак ракомет Во Вардар некакво „чудо“ веќе се случило!

Во Вардар некакво „чудо“ веќе се случило!

Вардар полека се стабилизира и го крои тимот за наредната сезона.

Откако беше потврдено дека од 1. јуни и официјално Вардар ќе се врати во рацете на Михајло Михајловски ситуацијата во клубот изгледа подобро од претходно.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во текот на вчерашниот ден потврдено беше заминувањето на Горбок, меѓутоа потоа пристигна веста за новите договори на Дибиров, Дисингер и Стоилов.

Дека работите одат на подобро може да се заклучи и од тоа што Дисингер решил да остане, а пред само неколку месеци беше одлучен во намерата да замине и тоа го кажа и јавно.

„Сите минуваме низ еден тежок период. Голем дел од ракометарите скоро шест месеци не зеле плата, добиваме само за основни трошоци. Во Скопје би преживеал со 300 евра, но сите си ги сакаме заработените пари. Затоа ракометарите полека си наоѓаат нови клубови. Што се однесува до мене, само чудо може да ме задржи во Вардар и следната година“, изјави тогаш Германецот.

Очигледно некакво „чудо“ се случило.

Останување во Вардар се очекува и на Глеб Калараш, додека Алушпвски потврди дека сигурно остануваат Борко Ристовски, Кизиќ Чупиќ и Марко Мишевски, а на тимот ќе му се приклучат Томислав Јагуриновски и Димитри Санталов кој беше договорен од поодамна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…