Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс изрази незадоволство на одлуката на судиите да досудат пенал за ПСВ во вчерашниот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите кој заврши без победник 1:1.
Борусија имаше предност, но домаќините стигнаа до изедначување со кое си обезбедија нешто подобра ситуација пред ревнапот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дефанзивецот на „милионерите“, Матс Хумелс не се согласува со одлуката на арбитрите да покажат на белата точка.
„Каков пенал против нас! Повторно! Не ми се верува дека има вакви одлуки, претходно слично беше против Челзи и ПСЖ. Неверојатно е ова во време на ВАР“, изјави Хумелс.
Penalty or no penalty? 🤔
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) February 20, 2024
Our rules expert @ChristinaUnkel weighs in on the foul called on Borussia Dortmund's Mats Hummels. pic.twitter.com/YBv6ysybYO