Легендарниот играч на Баерн, Лотар Матеус кој боите на баварскиот клуб ги носеше во два наврати, во периодот од 1984. до 1988., а потоа од 1992. до 2000. година, изјави дека тренерот на неговиот поранешен клуб, Карло Анчелоти мора да ја смири ситуацијата во соблекувалната за да не настане тотален хаос.
Во последните неколку недели, ситуацијата на „Алијанц Арена“ е се понапната, откако италијанскиот стратег во медиумите се поврзува со заминување од клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Долго време немаше ваков немир во Баерн. На тимот не му оди добро и не можеме да бидеме задоволни со нивните настапи оваа сезона. Анечелоти мора да направи нешто, инаку во клубот ќе настане голем хаос. Мора да разговара со тимот. Потоа мора да се среди физичката спремност на играчите, и начинот на кој играат. Мора да се воспостави дисциплина во соблекувалната и да се бори против сите закани за нивниот успех. Ако некој треба да биде испратен на трибините, тогаш нека го стори тоа“, изјави Матеус за „Bild“.
Италијанскиот стратег е еден од шесте тренери во историјата на фудбалот, заедно со Жозе Мурињо, Ернст Хапел, Џовани Трапатони, Томислав Ивиќ и Ерик Геретс, кои ги освоија домашните првенства во најмалку четири различни држави.
Неодамна се појавија шпекулации дека ќе го напушти Баерн на почетокот на зимскиот трансфер период, но тој тоа го демантираше. Инаку, Баварците синоќа одиграа само 2:2 во Минхен против слабиот Волфсбург.