Ajакс од вчера е предмет на исмејување на друштвените мрежи, но и медиумите ширум светот.
Најскапото засилување во историјата на клубот, Себастијан Але не го пријавија за продолжување од натпреварите во Лигата на Европа. Веста ги изненади сите, а потоа се појави информација дека „заборавиле“ да го пријават.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На денешната прес-конференција за медиуми тренерот Ерик Тен Хаг зборуваше за оваа ситуација.
„Тука никогаш не е досадно, зарем не? Никогаш досаден ден во Амстердам…Но, ова е нешто со кое не треба да се смееме и шегуваме. Ова е нешто фрустрирачко. Не, не заборавивме да го пријавиме Але. Се случи административна грешка. Але не го доведовме за џабе, скапо го плативме и тој веќе почна да се исплаќа. Во добра форма е и навистина ни е жал“.
„Тоа е ситница, детал, а во исто време може да направи голема штета. Одговорни сме сите. И јас и Марк Овермарс и уште некои луше. Луѓето работат и грешат. Але е разочаран, но и реален. Свесен е дека се работи за случајност. Дали постои шанса да се поправи грешката? Не знам, ако постои ќе направиме се што можеме“, изјави Тен Хаг.