Џуд Белингам е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, па на лето се очекува голема битка за неговиот потпис.
Реал Мадрид и Ливерпул се силно заинтересирани за Белингам, а сега во трката за потписот на Англичанецот се приклучи и Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белингам има договор со Борусија Дортмунд до 2025 година, па германскиот клуб сигурно нема лесно да се откаже.
Англиските медиуми тврдат дека токму Манчестер Сити е најблсику до потписот на 19-годишниот талент. Иако самиот играч преферира преселба во Реал Мадрид, сепак „граѓаните“ имаат одлични односи со Борусија Дортмунд.
Притоа, Халанд играл голема улога во трансферот и го убедлува Белингам да му се придружи на „Етихад“.