Изминатата ноќ беа водени разговори, за разлика од некои други земји (пр: Холандија), англиските политичари знаат дека фудбалот е многу важен за државата.
Иако постојат сомневања сезоната нема да продолжи, дури и некои големи играчи, денес познати коментатори како Гери Линекер сметаат дека не треба да се ризикува. Премиерот на Велика Британија вчера ја запозна јавноста со плановите за ПЛ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој потврди дека лигата мора да продолжи и дека спортот, посебно фудбалот во овој период може да биде големо охрабрување за нацијата.
Џонсон верува дека клубовите, односно ПЛ треба на себе да ја превземе најважната работа, најверојатно нема да се игра на сите стадиони, но целта е јасна – по секоја цена да се заврши сезоната.
Англија не смее да дозволи да се наруши нејзиниот единствен фудбалски систем бидејќи како што кажа Џонсон на состанокот тие се земја опседнати со фудбал и тоа е еден од најважните сегменти на животот на луѓето. Ако сезоната во ПЛ не продолжи тогаш не би имало трансфери од пониските лиги во најсилнаата што би било голем удар за помалите клубови.
Сега како се би се извело?
Една од опциите е клубовите своите натпревари да ги прикажуваат на официјалните страни. Со оглед на тоа дека Бундес лигата започнува на 9. мај вниманително Англичните ќе следат што прават Германците. Од употреба на маски за време на натпреварите, санитарни прописи, тестови…