Воска Спорт беше најактивниот клуб на трансфер пазарот кај нас летово, второлигашот сериозно се засили и сака да се бори за промоција во ПМФЛ.
Денес тие покажаа дека мислат и на иднината. Клубот потпиша професионални договори со Бехар Фета и Џемил Јахии. Двајцата фудбалери се членови на репрезентацијата на Македонија до 19 години. Фета беше и капитен во последниот дуел со Словенија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Низ младинските категории Фета и Јахии беа дел од Шкупи, Њу Стар и Шкендија, летово беа со Воска на припреми и очигледно ги исполниле очекувањата, па добија договори.