Дома Останати Кошарка НБА Вориорси не дозволија изненадување: Падна Оклахома, за деветта победа во низа!

Вориорси не дозволија изненадување: Падна Оклахома, за деветта победа во низа!

Голден Стејт изминатата ноќ славеше против Оклахома со 110:98 и така дојде до деветтиот триумф во низа во НБА лигата.

Клеј Томпсон ги предводеше гостите со 21 поен. Стивен Кари беше блиску до трипл-дабл, му недостасуваше само еден скок (18 поени, 10 асистенции и 9 скока). Џонатан Куминга додаде 16 поени.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На табелата на Западот Голден Стејт е втор со 41 победа и 13 порази, додека Оклахома е претпоследна.

Феникс дојде до победа со Чикаго од 127:124. Стануваше јасно кој ќе победи уште во третата четвртина кога водеа со 88:61. Чикаго во финишот сепак успеа да го ублажи поразот. Девин Букер постигна 38 поени, а додаде уште пет асистенции и четири скока. Со ова тој ја помина границата од 30 поени на три од последните четири натпревари.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Торонто 101-116

Вашингтон – Мајами 100-121

Чикаго – Феникс 124-127

Оклахома – Голден Стејт 98-110

Јута – Њујорк 113-104

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…