Дома Фудбал Вонредна ситуација за „Ел Класико“: Над 3.000 полицајци и специјалци ќе го обезбедуваат мечот

Вонредна ситуација за „Ел Класико“: Над 3.000 полицајци и специјалци ќе го обезбедуваат мечот

Првото „Ел Класико“ оваа сезона беше одложен поради протестите во Барселона, па конечно натпреварот ќе се одигра на 18-ти декември на „Камп Ноу“.

Поради критичната ситуација во Каталонија, преземени се дополнителни безбедносни мерки за натпреварот да мине мирно. Шпанските медиуми пишуваат дека мечот ќе го обезбедуваат околу 3000 лица вклучувајќи го и обезбедувањето на Барселона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Претходно Реал Мадрид порача дека ќе дојде во Барселона доколку не биде гарантирана апсолутна безбедност за фудбалерите.

Каталонската платформа „Демократско цунами“ денеска ги повика приврзаниците за независност на Каталонија на масовен осумдневен протест пред стадионот „Камп Ноу“, па поради тоа ситуацијата ќе биде „вонредна“ и дербито практично ќе се игра под полициска опсада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија денеска сака да го повтори успехот на Вардар

Тетовска Шкендија вечерва во Разград ќе се обиде да го испише најголемиот успех во својата…