Дома Фудбал Останато „Волшебникот“ има нова идеја – Нејмар не е неговиот наследник!

„Волшебникот“ има нова идеја – Нејмар не е неговиот наследник!

Популарниот „волшебник“, Роналдињо и еден од најдобрите фудбалери во историјата сега го промени мислењето.

Роналдињо долго време веруваше дека Нејмар би можел да биде неговиот наследник и да стане најдобар во светот, сепак сега тој има нова идеја.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Имено, славниот Бразилец е импресиониран од Габриел Хесус.

„Мислам дека е по комплетен, има се, токму како Меси, како Кака или каков што бев јас некогаш“, зборуваше своевремено најдобриот фудбалер во светот.

Многумина веруваат дека овие зборови би можеле да бидат голем терет и притисок над младиот фудбалер кого идол му е токму Роналдињо.

„Не, во никој случај. Тоа се предрасуди, постојат фудбалери кои сакаат големи предизвици и кои знаат како да се носат со притисокот. Габриел Хесус е токму таков, погледнете го неговиот скор против големите тимови, кога постои притисок тој е тогаш дава најмногу. Тој е квалитетот кој како тинејџери го имавме ние, Кака, Роналдо, Нејмар… Хесус има огромен потенцијал“, изјави Роналдињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

(Видео) Голем инцидент во Шпанија: Поранешен претседател на Еспањол се степа со навивачи

Инцидентот се случи по жешкото славје на навивачите на Бетис, откако Пау Лопез, поранешнио…