Директорот на Мерцедес, Тото Волф денес призна дека бил изненаден од одлуката на Луис Хамилтон да го напушти Мерцедес и од 2025 година да вози за Ферари.
Волф изјави дека ги слушнал гласините дека Хамилтон може да замине, но не бил сигурен се додека седумкратниот светски шампион во Формула 1 не потврдил самиот на состанокот во среда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хамилтон во болидот на Ферари ќе седне во 2025 година. Британецот во 2013 година го замени Мекларен со Мерцедес и со овој тим освои шест шампионски титули, еднаш триумфираше и со Мекларен.
„Бев изненаден кога ги слушнав гласините неколку дена претходно, но сакав да го почекаме доручекот кој го планиравме за среда наутро. Тогаш ја објави веста“, откри Волф.
Хамилтон минатото лето го продолжи договорот со Мерцедес до крајот на 2025 година, меѓутоа екипата ќе ја напушти една година претходно со активирање на клазулата за ослободување.