Срамотниот судир на навивачите на Атлетик Билбао и Спартак од Москва по реваншот од шеснаесет финалето во Лигата на Европа резултираше со смрт на еден од полицајците.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
И, додека хулиганите ова утро ги прекажуваат доживеаните синоќешни „акции“, еден живот е згаснат, а колегите на починатиот полицаец направија се само да го спасат неговиот живот. Сепак, и покрај нивните несебични напори, што покажуваат и фотографиите и видео записите, на крајот мораше да се помират со заминувањето на нивниот колега од овој свет.
Истрагата околу овој случај допрва треба да започне, а вие погледнете го видеото во кое што најдобро се гледаат моментите кога полицајците се бореа за животот на својот колега. Таа сцена започнува од 00:25, а ние се надеваме дека одговорните во овој случај ќе ја добијат заслужената казна.