Луис Хамилтон го победи Ферари на негов терен и прв мина низ целта на патеката во Монца за големата награда на Италија.
Британецот ги искористи сите шанси кои му ги понудија возачите на Ферари и иако стартуваше од третата позиција на крајот се искачи на највисокото место на подиумот.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Трката почна возбудливо, уште на стартот се случи инцидент меѓу Хамилтон и Фетел по кој возачот на Ферари мораше да го посети пит стопот, а на патеката излезе безбедносното возило.
Кими Раиконен кој синоќа ја освои пол позицијата беше на чело на трката се до 45-от круг кога беше пристигнат од Хамилтон и на крајот заврши како втор, а на подиумот се искачи и Ботас.