Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ – Исток: Слога Виница победи во Прилеп и се зацврсти на првата позиција!

ВМФЛ – Исток: Слога Виница победи во Прилеп и се зацврсти на првата позиција!

Eкипата на Слога Виница денес го доби дербито во Втората лига – Исток против Победа и така се зацврсти на лидерската позиција.

Во Прилеп Слога Виница славеше со 1:2. До победата гостите дојдоа со головите на Иван Митров во првото и Димитров во второто полувреме. Домаќините стигнаа само до гол на утеха преку Анѓелески.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Не само што не дојде до врвот Победа со поразот падна и на третата позиција откако Каменица Саса ја оправда фаворитската улога и славеше против Локомотива со 1:3. Во останатите натпревар на Истокот Кит Го го доби Братство со 2:1, Беласица и Кожува Ремизираа 1:1, со истиот резултат заврши и средбата Локомотива – Осогово.

На врвот на табелата сега Слога Виница има 31 бода, Саса е втора со 27, Победа трета со 26…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…