Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ – Вардар со нов тренер против Беса, дербито на Истокот се игра во Струмица!

ВМФЛ – Вардар со нов тренер против Беса, дербито на Истокот се игра во Струмица!

Денес на програмата се натпревари од втората македонска лига.

ВМФЛ – ЗАПАД


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Силекс игра одлично од почетокот на сезоната и се наоѓа на врвот, а денес ќе игра против Тетекс. Ова ќе биде посебен натпревар за Горзад Михајлов кој во минатото седеше на клупата на „текстилците“.

Со нов тренер, Никола Глигоров кој го наследи Горан Симов Вардар во маџари ќе ја пречека Беса. Глигорв од функцијата помошник на Симов беше именуван за в.д тренер.

Во останатите натпоревари Гостивар ќе биде домаќин на Охрид Лихнидос, Воска и Велшта се очекува да одиграат интересен дуел, додека Кадино ќе го стува кај Кораби.

ВМФЛ – ИСТОК

На истотокот исто така се играат натпревари. Најинтересно се очекува да биде во дербито во Струмица каде што Беласица ќе биде домаќин на Каменица Саса станува збор за натпревар на вториот и третиот на првенствата табела.

Осогово го чека тешко гостување кај Победа која и денес веројатно ќе има голема поддршка од прилепчани како и во изминатите натпревари. Домаќинот е фаворит во оваа средба.

Кит Го на домашен терен во Пехчево ќе се сретне со Кожув, додека ТИМ Локомотива ќе игра натпревар против Братство.

Сите натпревари се играат од 15:00 часот.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Еден од најдобрите стрелци во мак-фудбалот ја заврши кариерата

Со завршувањето на сезоната 2023/24 официјално заврши професионалната кариера на еден од н…