Дома Фудбал Италија Влаховиќ: Против Фиорентина ќе биде натпревар како и секој друг

Влаховиќ: Против Фиорентина ќе биде натпревар како и секој друг

Душан Влаховиќ има фантастичен старт во дресот на Јувентус.

Српскиот голгетер постигна два гола на два натпревари, прво против Верона во Серија А за викендот, а вчера и против Сасуоло во купот.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


„Потребно е уште време, ова е само почеток. Им должам на моите соиграчи, тренерот и клубот кои многу ми помогнаа. Ништо од ова немаше да биде возможно без нив, чест ми е да играм тука, ова е фантастичен тим“.

„Се дружам со Дибала и Алваро и надвор од теренот. Тоа се фантастични момци кои освоиле многу. Јас сум тука да учам за да го кренам нивото“, изјави Влаховиќ.

Во полуфиналето Влаховиќ ќе игра против неговиот поранешен клуб Фиорентина.

„Размислувам само за натпреварот, сакам победа и не ме интересира ништо друга. Тоа ќе биде натпревар како секој друг, одиме да играме фудбал“, порача српскиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Проблем за Аргентинците: Меси се пожали на повреда

Репрезентацијата на Аргентина го победи Чиле со минимални 1:0 и така се пласираше во нокау…