Фудбалерите на Јувентус и Џенова одиграа 0:0 во натпреварот од 29. коло на Серија А.
„Бјанконерите“ промашија многу прилики на домашен терен. Од 17 удари кон противничкиот гол, само два одеа во рамката од голот, а дури 11 изблокирани. Но, исто така погодија и две стативи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ниту 66 отсто посед на топка не помогнаа да ја затресе мрежата на Хосеп Мартинез.
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ не само што не се истакна на овој дуел, туку уште повеќе, во третата минута од судиското надополнување доби два жолти картони. По досуден прекршок над протвиничкиот голман, Влаховиќ ги загуби нервите, па судијата му покажа два жолти картони, еден за прекршокот и еден за реакцијата со што порано беше испратен во соблекуваланта.
Јувентус во овој момент е на второто место со 59 бодови, додека третопласираниот Милан со идентичен број бодови од 15 часот ќе го одигра натпреварот од 29. коло против Верона.