Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ е на прагот да потпише за ПСЖ, но се појави првиот проблем.
Влаховиќ би можел да го напушти Јувентус, а се шпекулира дека со парискиот тим веќе договорил петгодишен договор вреден девет милиони евра по сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ПСЖ во наредните денови ќе испрати официјална понуда за Србинот. Ќе изнесува 90 милиони евра со бонуси и таа бројка би требало да биде доволна за Бјанконерите да го продадат српскиот напаѓач.
Сепак, се појави првиот голем проблем. Имено, дел од навивачите на клубот од Париз се апсолутно против доведување на Влаховиќ.
Не им се допаднаа претходните политички пораки на Влаховиќ, поточно кога тој подигна три прста и се фотографираше, но носеше и маици со пораки за Косово кој беше прикажан како дел од Србија.
Тие објавија јасна парола пред стадионот во Париз.
Дојдете во Париз, ќе ви отсечеме три прсти“, напишале тие.
Јасно е дека пораката ќе стигне до Влаховиќ, но и до предводникот на ПСЖ, а целата зделка може да пропадне.
Влаховиќ пристигна од Фиорентина во јануари 2022 година за 80 милиони евра. Сепак, тој не продолжи со формата во која беше во дресот на Виола.