Дома Македонски спорт Владата донесе одлука: Ќе помага и ќе ги промовира фудбалерите во историскиот настап на ЕП!

Владата донесе одлука: Ќе помага и ќе ги промовира фудбалерите во историскиот настап на ЕП!

Спортистите се најголемите амбасадори на една земја, па со оглед на тоа Владата на вчерашната седница донесе одлука да се вклучи во промоцијата и организацијата на историскиот настап на Европското Првенство во 2021.

Владата соопшти дека е формирано Кординантивно тело кое ќе има задача да помага на селекторот Игор Ангеловски за што подобар настап.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Координативното тело има за цел да ја помогне организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на фудбалската репрезентација на Северна Македонија на ова европско натпреварување“, информираше Владата.

Ќе потсетиме Македонија во групата два натпревари ќе игра во Букурешт, против Австрија и Украина, додека третиот ќе го играме во Амстердам против Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…