УЕФА закажа доаѓање на инспекција на „Паркот на принцовите“ за март, може ли ПСЖ да се извлече после купувањето на Нејмар.
Проектот на Пари Сен Жермен со кој управува катарскиот бизнисмен Насер Ал Келаифи минатото лето го достигна својот врв. Прво на Барселона и платија 222 милиони евра за Нејмар. Покрај него во последниот ден од трансфер периодот договорија позајмица на Килијан Мбапе од Монако на кој до јуни ќе треба да му исплатат 180 милиони евра, со што ќе го направат Французинот втор најскап фудбалер во светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ваквите потези и расфлрање со милионионите на големо го отворија прашањето – дали финансискиот фер плеј за кој секојдневно се зборува во Европа има некакво значење.
„Прашината“ се намали кога кон крајот на зимскиот преоден рок УЕГА го предупреди ПСЖ дека мора да го анулира долгот од 70 милиони евра со цел да избегне ригорозна казна. Оваа сума до некаде беше намалена со Лукас Моура кој беше продаден на Тотенхем за 28 милиони евра.
Според најавите во наредниот месец финансиската контрола ќе пристигне на „Паркот на принцовите“ и ќе ја проверат целата документација, за потоа после детални анализи да биде утврдено дали ПСЖ ги прекршил правилата на ФФП.
Да потсетиме, ПСЖ дел од милиониот ги правдаше со спонзорски договори од Катар, а тоа беше видено како „дупка“ во законот. Од УЕФА наводно не го одобруваат ваквото финансирање.
ПСЖ го користи т.н „држава систем“ и истиот го има максимално усовршено на чело со човекот од сенка и лидерот на цел проект Насер Ал Келаифи и Јасмин ал Тани. Иначе поранешен претстолнаследник на Катар и трет син на поранешниит шеф на катарската држава Хамад бин Калиф ал Тани. Катар и денес стои зад Пари Сен Жермен.
Неповолната стиуација е што ПСЖ во текот на зимскиот преоден рок не успеа да продаде играчи во висина од споменатите 70 милиони евра и дека се уште стои долг од 42 милиони евра. Тоа е сума која „светците“ мораат да ја покријат до 30 јуни кога се затвара финансискиот циклус.