Натпреварите на ПСЖ привлекуваат голем инетрес, но не се памети толку ѕвезди на едно место како синоќа на мечот против Ливерпул.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Посетителите на „Паркот на принцовите“ имаа што да видат, а нема сомнеж и дека господата во ВИП ложата уживаа во фудбалската претстава.
Фоторепортерите снимија интересен кадар каде во пет квадратни метри можат да се избројат дури шест големи ѕвезди и тоа во различни области.
Од Оскаровецот Леонардо ди Каприо, Мик Џегер, борецот Кабиб, поранешниот Ф1 шампион Алан Прост, па се до селекторот на „триколорите“ Дидие Дешамп.
