Дома Останати Тенис Вимблдон: Новак го предаде мечот, Бердих во полуфинале против Федерер!

Вимблдон: Новак го предаде мечот, Бердих во полуфинале против Федерер!

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, го предаде четвртфиналниот дуел на Вимблдон поради повреда на десната рака, додека Федерер беше сигурен против Раонич.

Дуелот помеѓу Ѓоковиќ и Бердих започна во 18 часот и пет минути, а после нешто повеќе од еден час игра Србинот му го препушти местото во полуфиналето на Бердих. Првиот сет донесе сигурна игра и кај двајцата тенисери, ниту Бердих, ниту Ѓоковиќ не загубија гејм на свој сервис, но Бердих на крајот успеа да го добие сетот со 7:6.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, веќе во вториот сет Ѓоковиќ попушти, Бердих на свој сервис поведе со 1:0 во гејмови, а веднаш потоа успеа да дојде и до брејк, после што Ѓоковиќ го предаде мечот.

11 тенисер во светот во полуфиналето ќе игра против Роже Федерер!

Швајцарецот уште еднаш покажа дека е во фантастична форма и го совлада Милош Раонич со 3:0 во сетови, 6:4, 6:2 и 7:6.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова е следниот турнир каде ќе игра Ѓоковиќ

Како што стојат работите, Новак Ѓоковиќ веќе одреди на кој турнир ќе се појави по подолга …