Дома Топ вести Вилијан и Барса: Има два начина – желбата на играчот и парите не се доведуваат во прашање

Вилијан и Барса: Има два начина – желбата на играчот и парите не се доведуваат во прашање

Kaталонците сериозно „загризаа за Бразилецот“.

Во редовите на Барселона расте самодовербата дека може да го доведе крилниот напаѓач на Челзи, Вилијан, сепак работата не е само во парите и желбата на играчот, туку мора да се размислува и на други работи.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Имено, Барса има три места за играч надвор од Европската Ундија. Во овој момент тие места се пополнети со Јери Мина, Фелипе Кутињо и Артур Мело (Луис Суарез има и италијанско држвајнство).

И доколку дојде Вилијан, Мора да се направи место за него. За таква цел постојат два начина.

Едниот е Јери Мина да биде продаден. Одлично го одигра Светското првенство, покажа дека има фантастичен скок, па го привлече интересот од многу клубови.

Втората опција е Кутињо да добие португалски пасош бидејќи сопругата му е од таа земја и на тој начин би се водел како играч од ЕУ, па неговиот колега од репрезентацијата Вилијан би добил слободно место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…