Дома Останати Виландер рече дека Федерер нема ма*иња, па потоа му се извини

Виландер рече дека Федерер нема ма*иња, па потоа му се извини

Седумкратниот освојувач на Гренд слем шампион и ТВ-аналитичар, Матс Виландер, мораше да му се извини на Роџер Федерер, поради неговите „несмасни“ коментари.

Виландер во последно време често го критикуваше Швајцарецот, а пред неколку недели рече дека нема ма*иња, заради одлуката да не настапи на Ролан Гарос.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Му се извинив за тој израз. Денеска во многу спортови недосатсуваат шампиони кои имаат срце и ма*иња. Потоа реков дека Федерер би можел да има срце и ма*иња, но секогаш му се смалувале на мимимум против Рафаел Надал. Тоа беше кога редовно губеше на земја од него, но никогаш ништо не се обиде. Роже Федерер не е совршен. Тој го знае тоа и ние го знаеме тоа“, изјави Виландер.

„Го почитувам Федерер повеќе од било кои друг тенисер. Затоа и најмногу го критикувам. Очекувам повеќе од него и она што најмногу сакам да го видам е како го победува Надал во Париз, во меч од пет сета“, додаде Виландер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ е чудо: На 38 години го одигра поенот на годината! (Видео)

Новак Ѓоковиќ(38), еден од најдобрите тенисери на сите времиња и моментално трет на светск…