Дома Фудбал Италија Виздом Амеј стана најмладиот фудбалер кој заиграл во Серија А

Виздом Амеј стана најмладиот фудбалер кој заиграл во Серија А

Вчера во Серија А се играа натпревари од 36. коло, а на еден од тие дуели беше испиша и историја.

Станува збор за натпреварот помеѓу Болоња и Џенова кој заврши со победа на Џенова од 0:2. Но, не е резултатот по тоа што ќе се памети овој натпревар. Во составот на домаќините настапи најмладиот играч во историјата на италијанската Серија А.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Во 89. минута од натпреварот Синиша Михајловиќ на теренот го пушти Виздом Амеј на местото на Роберто Соријано. Така Амеј со 15 години и 274 дена стана најмладиот играч кој заиграл во Серија А.

Претходно рекордот го држеа Амедео Амадеи (Рома 1937) и Пјетро Пелегри (Џенова 2016) кој кога настапија во Серија А беа шест дена постари од Амеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Никој како Кејн: Го сруши рекордот на Робен со 40 натпревари помалку!

Хари Кејн претставува вистинска голгетерска машина. Овој викенд, Кејн повторно погоди во т…