Дома Фудбал Италија Виери: Перез не е глупав, на најголемите клубови не им се потребни УЕФА и ФИФА

Виери: Перез не е глупав, на најголемите клубови не им се потребни УЕФА и ФИФА

Легендарниот италијански фудбалер, Бобо Виери верува дека кога-тогаш Суперлигата ќе се одигра.

Голем број сегашни и поранешни фудбалери ја критикуваа Суперлигата. Меѓутоа во таа група не е Кристијан Бобо Виери, поранешниот ас на Јувентус, Атлетико, Лацио, Интер, Фиорентина…и репрезентацијата на Италија.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Мислам дека Суперлигата ќе се одржи, но не денес, туку во иднина. Клубовите направија грешки во комуникацијата, но Флорентино Перез не е глупав, знае што сака. На големите клубови не им е потребна УЕФА, тие не сакаат некој друг да ги контролира нивните пари“, порача Виери.

Виери потсети и за скандалите во ФИФА и УЕФА.

„Секоја година некој од УЕФА и ФИФА е уапсен. Тоа не го кажувам јас, таква е реалноста“, изјави легендарниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aртета во сериозен проблем, остана без еден од најважните до крајот на годината!

Фудбалерите на Арсенал играат на високо ниво оваа сезона, доминирајќи во Премиер лигата на…