Кристијан Виери долго време беше еден од најдобрите стрелци во Европа и освен во Италија играше уште и во Шпанија.
Виери една година беше дел од Атлетико Мадрид и во сезоната 1997/1998 беше вистински хит и со 24 гола зад себе ги остави ѕвездите на Барселона, Ривалдо (19) и Луис Енрике (18).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Виери откри дека освен што му одело одлично на играчки план, откри и дека добро се забавувал во вечерните часови.
„Кога бев во Мадрид излегував секоја вечер, не одев сам, сите излегуваа и јас не можев да седам дома. Но, бев најдобар стрелец. Одевме доцна на вечера, а потоа пиевме и се шетавме“, изјави Виери.