Дома Фудбал Италија Видете како „Сан Сиро“ го пречека Кака!

Видете како „Сан Сиро“ го пречека Кака!

Легендарниот Бразилец, Рикардо Кака синоќа се врати на местото каде ја доживеа најголемата слава и беше пречекан со овации.

Кака минатиот месец одлучи да го напушти тимот на Орландо, но се уште нема донесено одлука дали ќе стави крај на кариерата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Раководството на Милан му понуди директорска функција на Кака, па сега на него е да одлучи дали ќе продолжи да игра или ќе се врати меѓу „росонерите“.

„Милан секогаш е во моето срце и така ќе биде додека сум жив. Разговарав денес со челниците на клубот, но не можев да им одговорам на прашањето дали ќе се вратам во клубот. Сѐ уште немам донесено конечна одлука дали ќе продолжам да играм фудбал или не. Сепак, да ја имам шансата повторно да работам во Милан е голема чест за мене“, изјави Кака.

Кака за Милан има одиграно 306 натпревари на кои постигна 104 гола, а во 2007 година ја освои „Златната топка“ со цвено-црниот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кобен совет за Диого Жота: Му беше препорачано да не патува со авион

Фудбалерот на Ливерпул доби кобен совет. “Диого Жота патуваше со автомобил со својот…