Дома Фудбал Италија Видео: Јувентус броеше до шест, хет-трик на Кедира!

Видео: Јувентус броеше до шест, хет-трик на Кедира!

Италијанскиот шампион Јувентус се врати на победите и со високи 6:2 славеше на гостувањето кај Удинезе.

Меѓутоа мечот не започна на најдобар начин за „старата дама“ бидејќи Удинезе поведе со голот на Перица. После неколку минути Самир си постигна автогол, а Кедира донесе комплетен пресврт.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


И кога се чинеше дека Јуве ја има контролата Манџукиќ влезе во вербален дуел со Али Аднан и судијата Довери му покажа два жолти картони во неполна минута.

На почетокот на второто полувеме Данило израмни на 2:2, а потоа на сцена стапија „бјанконерите“. Најпрво Ругани донесе предност, а потоа Кедира постигна уште два гола. Конечните 2:6 ги постави Пјаниќ во послдната минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул стапи во контакт со шефот на судиите

Од Ливерпул стапиле во контакт со раководителот на судиите во Англија, Хауард Веб, за да с…