Дома Останати Кошарка Видео: Јокиќ и Леброн на чекор од трипл-дабл – драма во финишот каква што можеше да се посака!

Видео: Јокиќ и Леброн на чекор од трипл-дабл – драма во финишот каква што можеше да се посака!

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

За вистинска драма и во финишот за местото кое води во плеј-офот се погрижи Денвер кој славеше над Минесота со 100:96, по што сега овие две екипи се израмнети на табелата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Најефикасен во редовите на екипата од Колорадо беше Џамал Мареј со 22 поени. Сепак, клучен беше Никола Јокиќ кој беше на чекор од трипл-дабл. Иако промашуваше (од првите 13 обиди погоди само три) Србинот го имаше секаде на теренот. Јокиќ натпреварот го заврши со 16 поени, 14 скокови и девет асистенции, му недостасуваше само едно додавање за трипл-дабл.

Кај Минесота најефикасен и до дабл-дабл учинок стигна Карл Ентони Таунас (26 поени, 13 скокови).

Сега Денвер и Минесота се изедначени на табелата имаат по 44 победи во сезоната, ист број има и седмопласираниот Њу Орлеанс, но и натпревар помалку, а до крајот на регуларниот дел има само уште три натпревари. Од кои последната е меѓусебен дуел и тоа на теренот на Минесота на 12 април. Во меѓувреме Денвер гостува кај Клиперси и игра на домашен терен против Портланд, додека Минесота патува кај Лејкерси и има зицер со Мемфис пред своите гледачи. Споменатиот Њу Орлеанс го очекуваат дури три гостувања во низа (Феникс, Голден Стејт, Клиперси) и Сан Антонио на свој паркет.


Индијана славеше победа на свој паркет над шампионот Голден Стејт (126:106). Домаќинот беше предводен од Хрватот Бојан Богдановиќ кој беше и најефикасен на натпреварот.

Богдановиќ уфрли 28 поени, запиша две асистенции и три скока, неговиот соиграч Олдипо стигна до 21 поен, седум асистенции и шест скокови.

Во редовите на шампионот најрасполжен беше Кевин Дурант со 27 поени, седум асистенции и пет скокови, втор најефикасен играч кај Вориорси беше Томпсон со само 16 поени.

Леброн Џејмс во тесната победа на Кливленд над Вашингтон стигна до дабл-дабл, а само еден скок му недостасуваше да запиша и трипл-дабл учинок. „Кралот“ постигна 33 поени, подели 14 асистенции и запиша 9 скока.

НБА резултати:

Индијана – Голден Стејт 126:106

Кливленд – Вашингтон -119:115

Хјустон – Портланд 96:94

Милвоки – Бруклин 111:119

Јута – Лос Анџелес Клиперси 117:95

Денвер – Минесота 100:96

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Македонецот“ Шортс избран за МВП во плејин-фазата на Евролигата

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти Џеј Шортс официјално е прогласен за најкорисен…