Дома Македонски спорт Мак фудбал Видео: Шкендија се спаси од пораз, Пелистер не искористи!

Видео: Шкендија се спаси од пораз, Пелистер не искористи!

Вицешампионот Шкендија со гол во последните минути се спаси од пораз од прилепска Победа, додека Пелистер дома одигра само 0:0 против Скопје.

Шкендија не успеа да ја оправда фаворитската улога и одигра реми против Победа во голеада со 6 гол. Вицешампионот од пораз го спаси Бесарт Абдурахими, кој погоди во 88-та минута. Од „киксот“ на Шкендија доби Победа, но исто така профитира и Вардар, кој ја намали разликата на табелата на еден бод.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Академија Пандев стигна до втората победа во шампионатот, совладувајќи ја Ренова со голот на Зоран Балдовалиев од пенал во 61-та минута.

Киксот на Шкендија не го искористи Пелистер и одигра 0:0 против Скопје, додека Шкупи успеа да го победи Работнички со 2:1 со голот на Јашаровски во судиското продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…