Дома Фудбал Останато Видео: ХАОС на турското дерби – бесниот Кварезма никој не можеше да го смири, подели тупаница и беше исклучен!

Видео: ХАОС на турското дерби – бесниот Кварезма никој не можеше да го смири, подели тупаница и беше исклучен!

Денешното дерби во полуфиналето од турскиот куп помеѓу Бешикташ и Фенербахче не помина без инциденти.

Алваро Негредо го доведе домаќинот во водство, потоа Солдадо изедначи во 17 минута од средбата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во финишот првиот дел следуваше судир на играчите на двата тима. По еден старт на фудбалерот на Бешикташ над  Алпер Потук дојде до вербален конфликт помеѓу играчите на теренот.

Потук ги загуби нервите и турна еден од фудбалерите на домаќините, па поради ова доби втор жолт картон и беше исклучен.

Потоа во 52 минута Рикардо Кварезма само шест минути откако влезе во игра заработи директен црвен картон. По овој црвен картон следуваше вистинска драма на теренот. Бесниот Кварезма тешко можеа да го задржат и соиграчите, по обидите да дојде до некој од противничките фудбалери во еден момент и успеа, по што буквално му удри тупаница на фудбалерот на Фенер.


Како овој хаос да не беше доволен, па во продолжение на нешто повеќе од десетина минути пред крајот исклучен беше и голманот на Фенербахче, Волкан Демирел.


По црвениот картон на Демирел, Бешикташ успеа д астигне до погодок и да изедначи на 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тухел повика 35 играчи, меѓу кои Магваер и Томори, но не и Александер-Арнолд

Селекторот на Англија Томас Тухел објави список од 35 фудбалери на кои ќе се потпира за пр…