Дома Фудбал Италија Видео: Удинезе донесе радост во Неапол и Торино, Интер поразен на „Џузепе Меаца“!

Видео: Удинезе донесе радост во Неапол и Торино, Интер поразен на „Џузепе Меаца“!

17 коло во италијанската Серија А беше отворено со вистинско изненадување.

Лидерот Интер го запиша првиот пораз во сезоната и тоа на домашен терен од тимот на Удинезе.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Гостите од Удине добро започнаа, а Ласања уште во 14 минута од средбата ја искористи топката на Видмер во петерецот и погоди за 0:1. Не се чекаше многу за одговор на „нероаѕурите“.

Само две минути подоцна, Кандрева успеа да спаси една топка и да ја уфрли во шеснаесетникот, а во мрежата на гостите ја спроведе кој друг, ако не Мауро Икарди. Тоа беше и резултатот со кој се замина на полувремето.

После петаесетина минути игра во вториот дел, пенал за гостите од Удине, а сигурен реализатор на најстрогата казна беше Де Паул кој зголеми на 1:2, конечните 1:3 ги постави Барак во 77 минута од средбата.

Со овој пораз на Интер се отвара шанса за Наполи кој заостанува само еден бод и Јувентус кој е на два бода да ја превземат лидерската позиција. Наполи својот натпревар го игра денес со почеток во 18:00 часот на гостински терен против Торино, додека Јувентус утре игра против Болоња.




Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално соопштение од Њукасл како одговор на објавата на Исак

Официјално соопштение од Њукасл како одговор на објавата на Исак „Разочарани сме текстот н…