Дома Фудбал Останато Видео: Тевез го реши аргентинското Суперкласико

Видео: Тевез го реши аргентинското Суперкласико

Бока Јуниорс го победи Ривер Плејт со 4:2 во 240-то Суперкласико, одиграно во рамките на 13-то коло во аргентинската Примера.

Гостите до големата победа стигнаа со пресврт во второто полувреме, а херојот на триумфот е Карлос Тевез кој постигна два гола.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Инаку, Бока стигна до водство со голот на Боу на асистенција на Тевез во 14-та минута, но до крајот на полувремето Ривер направи пресврт со головите на Дриуси и Алари.

Во вториот дел Бока направи целосен пресврт, најпрвин екс напаѓачот на Јунајтед и Сити, Карлос Тевез, постигна два гола за предност на Бока 3:2, а победата ја потврди Сентурион со голот постигнат во судиското надополнување на времето.

Со оваа победа Бока се искачи на лидерската позиција на табелата со 28 бодови, а Ривер е на деветтото место со девет бодови помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…