Дома Фудбал ВИДЕО Синот на Златан Ибрахимовиќ постигна еврогол

ВИДЕО Синот на Златан Ибрахимовиќ постигна еврогол

Јуниорите на Милан ги победија Емполи со 4:1 во четвртото коло на италијанската Примавера. Милан веќе водеше со 3:0 на полувремето со головите на Филипо Скоти, Максимилијан Ибрахимовиќ и Дариуш Сталмах. Богдан Попов ја намали негативата во вториот дел, но Скоти го реши мечот со својот втор гол.

Иако Скоти беше двоен стрелец, вниманието на јавноста го привлече 17-годишниот Ибрахимовиќ, синот на славниот шведски напаѓач Златан (42).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Максимилијан Ибрахимовиќ ја прими топката, се упати кон противничкиот гол, а потоа во 29. минута извонредно погоди под гредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најк „го истражува проблемот“ во дизајнот на дресовите за Светското првенство

Еден од најголемите производители на спортска опрема во светот, компанијата „Најк“ изјави …