Дома Фудбал Англија Видео: Рашфорд во првиот дел го реши дербито, Бејли со пета го совлада Де Геа – Ливерпул запрен на „Олд Трафорд“!

Видео: Рашфорд во првиот дел го реши дербито, Бејли со пета го совлада Де Геа – Ливерпул запрен на „Олд Трафорд“!

30 коло во англиската Премиер лига ни го донесе и големото англиско дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Мурињо го победи Клоп, Јунајтед на „Олд Трафорд“ славеше со 2:1 и така се зацврсти на втората позиција на табелата пред денешниот противник.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


До победа, „ѓаволите“ стигнаа благодарение на одличниот настап на Маркус Рашфорд. Рашфрод прво во 14 минута со одличен потег се ослободи од Арнолд, жаргонски кажано „му ја скрши кичмата’.

Потоа десетина минути подоцна Рашфрод од слична позиција упати удар, а топката на патот до мрежата го погоди исто така Арнолд и заврши зад грбот на Кариус. Тоа беше и се кога во прашање се погодоците во првиот дел, Јунајтед замина на полувреме со предност од 2:0.

Во вториот дел Ливерпул заигра подобро, се играше пред голот на Де Геа, „црвените“ беа апсолутно подобар противник. Сепак, успеаа да постигнат само еден погодок и тоа преку Ерик Бејли кој со пета ја погоди сопствената мрежа.

По оваа победа Манчестер Јунајтед на втората позиција има 65 бодови, пет бодови предност во однос на денешниот противник. Тотенхем со евентуалната победа во утрешниот натпревар против Бурнемоут би го симнал тимот на Клоп на четвртата позиција.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гатузо најави заминување, па предложи нов тренер за Хајдук!

Хајдук беше блиску, а сега е далеку од титулата во Хрватска.  Има три бода помалку од Риек…