ПСЖ денес во рамките од 23 коло во француската Лига 1 им се врати на победите по поразот од Лион во минатиот викенд.
Клубот од Париз во натпреварот со почеток од 17:00 часот играше против Монпеље на свој терен, а на крајот славеше победа од 4:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Едисон Кавани го отвори натпреварот со погодокот во 11 минута. За Кавани ова беше 157 погодок во француската Лига 1 и со тоа стана најдобриот стрелец во историјата на овој клуб надминувајќи го Златан Ибрахимовиќ.
Нов погодок во мрежата на Монпеље постигна Нејмар на пет минути пред крајот на првиот дел со удар од белата точка.
Во вториот дел ПСЖ продолжи со добрата игра и постигна два погодоци. Анхел Ди Марија зголеми на 3:0 во 70 минута, а Нејмар со својот втор гол на натпреварот ги постави конечните 4:0.
„Светците“ се зацврстуваат на првата позиција со 11 бодови предност во однос на Лион, но „лавовите“ имаат и натпревар помалку.