Дома Фудбал Останато Видео: ПСЖ во Франција „по старо“ – Кавани двоен стрелец, Нејмар си поигруваше на мал простор, „петарда“ за Стразбур

Видео: ПСЖ во Франција „по старо“ – Кавани двоен стрелец, Нејмар си поигруваше на мал простор, „петарда“ за Стразбур

Пари Сен Жермен по поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите денес им се врати на победите во домашното првенство.

Денес во рамките од 26 коло ПСЖ успеа да стигне до победа против Стразбур со 5:2. Натпреварот за „светците“ не почна баш најдобро, Ахолу ги доведе гостите во водство во шестата минуда. Само четири минути подоцна Дракслер изедначи, а Нејмар во 21 погоди за водство, за само една минута подоцна Ди Марија да стрела за веќе солидни 3:1.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


По ефикасниот старт следуваше мирен период на игра. Бахокен во 67 минута постигна гол за надеж на гостите, но Едисон Кавани шест минути подоцна ја врати предноста на домаќинот од два погодоци.

За „петарда“ во мрежата на Стразбур се погрижи Кавани со вториот гол на на натпревар на десетина минути пред крајот на средбата.

Со оваа победа ПСЖ ја врќа предноста од 13 бодови разлика во однос на најблискиот конкурент Монако.






Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Миликовиќ-Савиќ се враќа во Серија А, битка на два гиганти за неговиот потпис!

Според извештаите на Фабрицио Романо, Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе се врати во Серија А. Ово…