Во Бразил се одигра пријателски натпревар со хуманитарни цели организиран од двете големи ѕвезди на оваа земја. Од една страна Нејмар со пријателите, а од друга страна Робињо и пријателите.
Со оглед дека натпреварот беше егзибициски резултатот беше во втор план, па можевме да видиме некои интересни моменти.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Имено, еден противнички играч клекна на колена пред Нејмар и го молеше да не го понижува, но ѕвездата на Барселона не го послуша – по почека да стане, па потоа го „скрши“.
Коментари