Eкипата на Милан се радуваше на победа од 2:1 во градското дерби со Интер и така стави крај на шесте порази во низа кои ги имаа „росонерите“ во пресметките со градскиот ривал.
Интер ја имаше улогата на фаворит пред натпреварот, но уште еднаш се покажа дека во дерби натпреварите тоа не мора ништо да значи.
Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓
Пулишиќ по десет минути игра го доведе Милан во водство, додека Димарко ги врати работите како на почетокот по половина час игра. Со по еден гол на двете страни се замина и на паузата.
Во второто полувреме Милан беше подобриот тим на теренот, но до гол стигнаа дури во самата завршница. Херој за „росонерите“ беше Матео Габија кој со глава ја смести топката во мрежата по нафрлувањето на Рејндерс од слбооден удар.
По овој натпревар градските ривали се изедначени на табелата со осум бодови од пет натпревари.
MMMATTTEOOOOOpic.twitter.com/DZZ1bfhSsv
— Milan Posts (@MilanPosts) September 22, 2024