Фудбалската репрезентација на Португалија беше поразена со 3:0 во натпреварот против Холандија во пријателската средба одиграна во Женева.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кристиано Роналдо на оваа средба се вклопи во „сивилото“ на неговата репрезентација и не упати ниту еден удар кон противничкиот гол. Такво нешто последен пат му се случило пред две години, во финалето на Европското првенство кога изостана неговиот учинок.
Иначе во текот на натпреварот имаше блиска средба со еден навивач кој е негов голем фан. Шпанските медиуми открија дека станува збор за Самир Алиќ од Босна и Херцеговина. Алиќ е познат хуморист кој неколку пати снимаше пародии за Кристиано Роналдо и има 29 години, наведува шпански „Ас“.
Во продолжение погледнете како изгледаше среVдбата на буцкастиот навивач со Роналдо.