Арсенал синоќа на „Емирати“ убедливо го совлада Евертон со 5:1 во натпреварот од 26. коло на англиската Премиер лига.
Навивачите на лондонскиот клуб на дело можеа да го видат Пјер-Емерик Обамејанг, кој дебитираше во дресот на Арсенал и тоа на најдобар можен начин. Габонецот пред крајот на првото полувреме успеа да го постигне својот прв гол и тоа на асистенција на Хенрик Михтаријан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Обамејанг ги одигра сите 90 минути и уште во првиот натпревар покажа дека ќе биде големо засилување за Арсенал. Овој напаѓач беше во центарот на вниманието и по натпреварот пред стадионот се појави во своето скапоцено Ферари.
Познато е дека Обамејанг е голем љубител на автомобилите и очигледно е дека од Дортмунд што побрзо морало да биде доставен еден од неговите „ѕверови“.
#Aubamayeng outside @TheTollington in his Ferrari pic.twitter.com/FH7BgTuVN2
— Rob Sarna (@robsarna) February 3, 2018