Дома Останати Кошарка Видео: Нов трипл-дабл на Вестбрук и победа на Оклахома, славеше и Торонто

Видео: Нов трипл-дабл на Вестбрук и победа на Оклахома, славеше и Торонто

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни три средби.

Оклахома стигна до победа од 100:94 против Јута, а беа предводени од Расел Весбтрук кој го забележа седмиот трипл-дабл оваа сезона со 34 поени, 13 скокови и 14 асистенции.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Вестбрук го следеа соиграчите Пол Џорџ со 21 поен, три скока и една асистенција, додека Стивен Адамс постигна 20 поени, запиша девет скокови и четири пати асистираше.

Во тимот на Јута се истакнаа Донован Мичел со 31 поен, еден скок и четири асистенции, како и Џо Инглс со 16 поени, два скока и четири асистенции.

Со овој пораз за Јута беше прекината серијата од шест натпревари без пораз.

Кошаркарите на Торонто стигнаа до четвртата победа во низа, овој пат славеа над Торонто со 126:113.

Канаѓаните одлично влегоа во натпреварот и после првата четвртина стигнаа до предност од 36:13, па потоа гостите ја намалија разлика и на полувреме заминаа со девет поени предност 55:46.

Во продолжение домаќините повторно успеаа да воспостават доминација на теренот, а се истакнаа Кајл Ловри со 20 поени, шест скокови и десет асистенции и Демар Дерожан со 20 поени, седум скокови и осум асистенции.

Во тимот на Санси се истакна Девин Букер со 19 поени, пет скокови и осум асистенции.

Во последниот натпревар Вашингтон славеше над Портланд со 106:92.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Совршената серија на Денвер продолжува. Нов трипл-дабл на Јокиќ

КОШАРКАРИТЕ на Денвер Нагетс триумфираа над Јута Џез со резултат од 130:117. Впечетливиот …