Дома Фудбал ВИДЕО Нов кикс на Јунајтед. На Тен Хaг му се заканува отказ?

ВИДЕО Нов кикс на Јунајтед. На Тен Хaг му се заканува отказ?

Порто и Манчестер Јунајтед ремизираа 3:3 во второто коло од Лигата на Европа на УЕФА на стадионот Драгао. Така продолжи резултатската криза на Јунајтед, која може да го чини холандскиот тренер Ерик тен Хаг неговата работа.

Гостите брзо поведоа со 2:0 со головите на Маркус Рашфорд во седмата минута и Расмус Хојлунд во 20. минута, но Португалците брзо се вратија. Најпрво Пепе намали во 27. минута, а израмни Самуел Омородион во 34. минута. На паузата беше 2:2, а во 50. минута Омордион на асистенција на Пепе донесе пресврт за Порто.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Камбекот на Јунајтед го отежна нивниот капитен Бруно Фернандеш кога во 81. минута доби втор жолт картон, и кога се чинеше дека Јунајтед оди кон нов пораз во 91. минута, се појави Хари Мегваер и постигна гол за израмнување. Головите од натпреварот погледнете ги ТУКА.

Тухел или Саутгејт како решение?
На десет натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, Јунајтед има четири порази, три нерешени и три победи. Сега во првенството ги очекува пресметка со одличниот тим на Астон Вила, клуб кој настапува во Лигата на шампионите под водство на шпанскиот тренер Унаи Емери. Италијанскиот новинар Николо Скира тврди дека негативен резултат на тој меч може да ја запечати судбината на Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Златан Ибрахимовиќ се почасти за роденден: Купил „ѕвер“ за 900.000 евра (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ, советник на Милан, на оригинален начин си го честиташе 43. роденден. Н…